Search

Протестна нота од САД до Русија поради наводно малтретирање Американец

Американската амбасада во Москва упати протестна нота до руското Министерство за надворешни работи поради наводно малтретирање на американскиот државјанин Пол Вилан во притворот, пред судењето за обвинение за шпионирање против Русија.

– Побаравме истрага и обезбедување на безбедноста и заштита на господинот Вилан, наведува американската амбасада на Твитер.

Вилан (48) е глобален шеф на обезбедувањето на компанијата „Борг Ворнер” со седиште во Мичиген, која произведува самоодни компоненти. Тој има и британски, канадски и ирски пасош.

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти претходно дека Вилан е уапсен во декември минатата година во Москва додека, наводно, бил во шпионска мисија.

Против него е покрената кривична истрага под обвинение за шпионажа, за која е предвидена казна затвор од 10 до 20 години.

Треба да знаете
Последни објави