Search

Промоција на книгата „Маалски прикаски (1+2)“ од Синиша Станковиќ

Во издание на „Или-или“, деновиве излезе од печат книгата „Маалски прикаски (1+2)“ на новинарот Синиша Станковиќ.

Во книгата која содржи 65 прикаски (или како што ги нарекува авторот, „белешки на Случајниот Минувач, подготвени како мезе за муабет во семејното бифе ‘Носталгија’“), се објавени и дваесеттина фотографии на тема „Маалски прикаски“.

Истите се дела на познатите македонски фоторепортери: Ѓорѓи Личовски, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Томислав Георгиев, Борис Грдановски, Наке Батев, Маја Златевска, Андреј Гиновски и Радован Вујовиќ.

Промоцијата на седмата книга на Станковиќ ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), во среда, на 26. јуни, во 20 часот.

Како што во најавата за промоцијата, напиша авторот, „За и околу книгата и нашите маала (со мало фаворизирање на Карпош-ите) ќе муабетат, читаат/пеат: Калина Малеска, актерот Драган Спасов Дац, музичарите Петар Ренџов и Ристо Самарџиев, сè според ‘старите добри маалски правила’: дружба, муабет, музика од ‘нашите времиња’, бифе со ниски цени…“

Книгата им е достапна на читателите во книжарницата на „Или-или“ во центарот на Скопје.

Треба да знаете
Последни објави