Search

Промовирана книгата „Избрани сентенци од практиката на Основниот кривичен суд Скопје” на судиите Илија Трпков и Фанка Јанчулева Михаиловска

Судиите при Основниот кривичен суд – Илија Трпков и Фанка Јанчулева Михаиловска ја промовираа книгата „Избрани сентенци од практиката на Основниот кривичен суд Скопје”, изработена со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје како и Академијата за судии и јавни обвинители и подружницата на Здружение на судии на кривичниот суд.

Книгата содржи низа на правосилни одлуки на Основниот кривичен суд кои даваат преглед на практичната примена на одредени аспекти од Законот за кривична постапка во периодот меѓу 2013 и 2019 година, како и преглед на судската практика од Европскиот суд за човекови права за соодветните правни прашања и дилеми со кои се овозможува примена на меѓународните стандарди и принципи при унифицирање на судската пракса.

На денешната промоција, како што информирата од Основниот кривичен суд Скопје, освен судиите Трпков и Јанчулева – Михаилова, свое обраќање имале и претседателот на судот Иван Џолев и Шефот на одделот за човекова димензија на Мисијата на ОБСЕ, Алесио Ѕукарини кои освен задоволство од првото вакво издание, изразија и подршка за понатамошна континуирана, системска и организирана селекција на решенија на правни дилеми во правец на унифицирање на судската пракса, владеење на правото и доследно почитување на човековите права и слободи, следејќи ги препораките на Судот за човекови права.

Книгата, се вели во соопштението, претставува прва збирка на сентенци од судски одлуки на основен суд во земјата, а е во правец да им помогне не само на судиите туку и на обвинителите, адвокатите, стручните соработници и сите останати странки во постапката како и сите оние кои ги набљудуваат и анализираат судските процеси.

Треба да знаете
Последни објави