Search

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне наместа пороен дожд со грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен, а во североисточните делови од северозападен правец. Во пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено во сабота. Потоа во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање со благ пораст на дневната температура. 

Треба да знаете
Последни објави