Search

Промена во годишниот распоред за работа на судиите во Кривичен суд

Основниот кривичен суд Скопје информира дека согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на судот како и во Одделението за Организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на Претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите.

„ Па така, судијата Фанка Јанчулева Михаиловска од Одделот Кривично полнолетни е распределена да постапува во Одделението за Организиран
криминал и корупција, со што ги презема предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање. Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи, ја информираме јавноста дека меѓу предметите кои ги презема новиот судија во одделението се и предметот со КОК бр. 30/20 познат како „Шпански скали“ за кој расправата е насрочена за 20.10.2021 година во 10:00 часот, како и предметот со КОК бр. 65/21, познат како „Еразмус“ за кој расправата е насрочена за 02.11.2021 година во 11:00 часот, за што странките се веќе известени“ додаваат од судот.

Треба да знаете
Последни објави