Search

Прифатена иницијативата на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство за намалување на царинските стапки за компоненти потребни за производство на технолошки напредни производи

Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија ја поздравува вчерашната одлука на Владата на РСМ за  намалување на царинските стапки на одделни компоненти потребни за производство на технолошки напредни производи.

По иницијатива на Асоцијацијата, се побара изедначување на царинските стапки на ниво на оние во Европската унија за одделни компоненти кои им се неопходни на компаниите за нивниот технолошки процес, а со времетраење до 30.06.2022 година.

Намалувањето на увозните давачки е на нивото на царинските стапки на Европската унија со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи,  a се однесува во најголем дел на суровини и репроматеријали кои ги употребуваат првенствено компаниите членки на  Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство. Во услови кога усогласувањето со царинските стапки на ЕУ се јавува како обврска на земјата во процесот на пристапување во ЕУ, автономните мерки претставуваат привремено решение што е во функција на зголемување на извозната конкурентност на индустријата во земјава, која произведува технолошки напредни производи. Тоа, секако ќе придонесе за подобро деловно работење на сите компании од секторот, но и за поголема атрактивност на земјата при привлекување нови компании со странски капитал. Позитивниот одговор од страна на Владата се должи на опсежните анализи и  интензивната комуникација со Асоцијацијата во изминатиот период, којашто останува доследен партнер, за изнаоѓање трајно решение за целосно и трајно усогласување на царинските стапки, но и за генерално унапредување на бизнис климата за инвеститорите.

 

 

Треба да знаете
Последни објави