Search

Притвор за насилниците кои претепаа и тешко повредија момче од Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп осомничени за кривичното дело – насилство од чл.386 ст.6  во врска со ст.3 и ст.1 од Кривичниот законик.
„Едно од лицата, 44-годишен прилепчанец, е лишен од слобода. Останатите двајца, на возраст од 23 и 18 години, се уште се недостапни за органите на прогонот.

Осомничените, на 19 август, во кафе бар во Прилеп, во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно оштетено лице. Тие без повод и причина физички го нападнале 21-годишникот додека седел во кафе барот. Потоа пред кафе барот продолжиле со нападот при што оштетениот се здобил со тешка телесна повреда, а во јавноста било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв. Поради сериозноста на повредите оштетениот итно е пренесен на понатамошно лекување во Скопје“, се вели во соопштението од ОЈО.

По предлог од Основното јавно обвинителство Прилеп, судијата на претходна постапка на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, која за двајцата осомничени кои се недостапни ќе почне да се пресметува од денот и часот кога ќе бидат лишени од слобода.

Треба да знаете
Последни објави