Search

Притвор за двајцата полицајци кои тепаа колеги во Шутка

Двајцата полицајци кои биле дел од групата која тепаше вработени во МВР во инцидентот во Шутка, се во притвор, информираше ОЈО.
-Постапувајќи по кривична пријава од МВР во врска со настанот во Шуто Оризари од 28.01.2019 година, надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица. За лицата, инаку вработени во МВР, кои во моментот на инцидентот не биле на работа,  постои основано сомнение дека сториле кривично дело  насилство од член 386 став 6 од Кривичниот законик. Имено, тие се осомничени дека заедно со уште пет други лица за кои се води постапка во ОЈО Скопје извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило Хјундаи галопер без регистарски таблици. Притоа физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци и нанесувајќи им телесни повреди, велат од ОЈО.

 

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судија на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Ваквиот предлог беше прифатен, па со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.

„Нетпрес“ претходно објави дека станува збор за полицаецот Ерхан З., вработен во една од полициските станици во Скопје и неговиот брат Али З. кој е исто така вработен во МВР.

Треба да знаете
Последни објави