Search

Притворените каталонски лидери ќе присуствуваат на конститутивната седница на парламентот

Шпанскиот Врховен суд им одобри на петмината каталонски сепаратистички лидери да го напуштат затворот за да положат заклетва во Парламентот следната недела, но пратеничкото место нема да им гарантира имунитет од судењето за нивната улога во настојувањата за независност на Каталонија.

Ориол Жункерас, Жозеп Рул, Жорди Турул и Жорди Санчез освоија пратенички мандати во Долниот дом на шпанскиот Парламент на изборите одржани во април, додека Раул Ромева доби мандат во Сенатот.

Тие во моментов се во притвор и им се суди по обвиненијата за бунт и злоупотреба на средства во врска со организирањето референдум за независност на Каталонија во 2017 година. Тие ги негираат обвиненијата.

Судот не го прифати барањето на обвинетите за суспензија на судењето или за уважување на пратеничкиот имунитет. Судот им дозволи да присуствуваат на конститутивната седница, со барање каталонските лидери да имаат адекватна заштита за да се осигура нивната безбедност на седницата, по која, без одложување, мора да се вратат во притвор.

Минатата недела суд во Мадрид дозволи поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија за да избегне апсење, да се кандидира на изборите за Европскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави