Search

Припадници на „Ангели на пеколот“ уапсени во Португалија поради организиран криминал

Португалската полиција уапси 17 членови на моторџискиот клуб „Ангели на пеколот“ кои се осомничени за вмешаност во организиран криминал, објавија локалните власти.

Околу 150 полицајци, вклучително и членови на антитерористичките единици, учествуваа во неколку рации во Португалија, објави агенцијата „Ројтерс“.

Телевизијата СИЦ соопшти дека рациите биле извршени во Лисабон и Алгриви, каде што илјадници моторџии се собираат секоја година на меѓународен настан.

Полицијата потврди дека во моментов во притвор се 17 мажи, членови на „Ангели на пеколот“, на возраст меѓу 29 и 52 години.

Полицијата соопшти дека уапсените ќе се појават пред суд утре и дека им се заканува казна затвор до пет години.

Треба да знаете
Последни објави