Search

Принцот Чарлс ја покажа својата градска страна

Принцот Чарлс, идниот британски крал, покажа „нова страна на екстроверт“ во текот на посетата на Банката на Англија со сопругата Камила, војвотката од Корнвол во средата, тврди експерт за говор на тело цитиран од  „Дејли експрес“.

Принцот  Чарлс (73) тешко дека е познат по својот сарторијален вкус, но се чини дека идниот монарх покажа нова раскошна страна на својата личност, со прилично смела облека за да ја посети Банката на Англија. Експерт за говор на тело тврди дека пругастиот костум  и „ситибој вратоврска“ ја навестуваат неговата желба да се вклопи во банкарите што ги посети, пренесува весникот.

Чарлс извршува низа важни работаиво име на кралицата, и во средата ова вклучуваше посета на Банката на Англија.

Тој го посети националното тело за да добие увид во активностите и програмите на банката за да помогне во поддршката на економијата на Велика Британија среде пандемија на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави