Search

Прилепчанец повреден во судир на „фиат брава“ и „пежо 307“

На 24.10.2019 во 13.50 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат брава“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(19) од Прилеп и патничко моторно возило „пежо 307“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(41) од с.Старо Лагово, прилепско.

Во незгодата, Ф.Б. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил М.Т.. Тие биле пренесени во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави