Search

Привремен сообраќаен режим на булеварот Христијан Тодоровски Карпош

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (20.03.2019 година, среда) од 7 часот Хцелосно ќе биде затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски Карпош на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Треба да знаете
Последни објави