Search

Приведен Стевче Јакимовски

Приведен Стевче Јакимовски

Јакимовски е лишен од слобода и во следните 24 часа тој ќе биде изведен пред истражен судија за наводна злоупотреба на службената положба кога беше градоначалник во Карпош за три тендери. Ова е атак врз неговата политичка работа.Се бара притвор за него, изјави синоќа пред полноќ, неговиот адвокат Виктор Цветковски.

Финансиската полиција води постапка за спроведување на три јавни набавки од страна на Општина Карпош додека градоначалник беше Стевчо Јакимовски.

Во две куќи во негова сопственост вчера  попладне беа извршени претреси. Јакимовски изјави дека двете јавни набавки биле спроведени во 2012 година и се однесуваат за бараките каде што е сместена општината, а третата јавна набавка е поврзана со изградба на плоштадот во Жданец.

„Се истражуваат злоупотреби во однос на три јавни набавки, од кои две во 2012 година за општинските бараки и последната за плоштадот во Жданец. Овие работи немаат врска со мене како градоначалник, бидејќи тоа се работи на службите“, рече вчера  Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави