Search

Приведен жител на Волково поради напад врз членови на неговото семејство

Жител на Волково е приведен откако физички ги нападнал, а потоа со нож им се заканувал  на неговите мајка, татко и брат.

Инцидентот се случил ноќеска, околу 2:20 часот во село Волково, кога при семејна расправија, М.Г.(22) физички ги нападнал, а потоа излегол од домот и пред куќата со нож им се заканувал на неговата мајка, татко и брат.

По преземени мерки, од страна на двајца полициски службеници биле испукани куршуми во воздух заради предупредување, по што истиот бил совладан и приведен.

Известен е јавен обвинител, а на М.Г. му е укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош и во Клиника за токсилогија.

По целосно документирање на случајот  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави