Search

Префектот на полицијата на Париз Дидие Лалеман предизвика полемика по неговите изјави за пациентите кои се на интензивна нега

Шефот на полицијата на Париз оцени дека лицата кои се хоспитализирани на интензивна нега биле оние кои „не ги почитувале мерките на ограничување”, што предизвика жестока реакција на докторите и политичарите. Под притисок на јавноста, тој се извини со соопштение за печатот, јави дописникот на МИА.

Шефот на париската полиција беше присутен на Порт д’Орлеанс, во Париз, каде ја следеше полициската операција чија цел беше да ги спречи заминувањата на пролетните одмори. Ова, откако извршната власт се изјасни со упатство дека не е дозволено поаѓање на одмор заради мерките кои се на сила. Префекетот, особено, најави спроведување на засилени контроли целиот викенд на излезите од регионот во Париз, пред да даде свое мислење за пациентите кои се на интензивна нега.

-Не треба да бидете казнети за да разберете, дека оние што се хоспитализирани денес, кои се наоѓаат во одделите за интензивна нега, се оние кои на почетокот на мерките за ограничување на движењето, не го почитуваа тоа. Има многу едноставна корелација, оцени Дидие Лалеман за БФМТВ.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, телефонски го натерал префектот да се извини, пренесува „Ле Монд”.

Во соопштението за печатот на префектурата на Париз,  Дидие Лалеман „жали” за неговите забелешки. „Неговата намера не беше да воспостави директна врска помеѓу непочитување на здравствените упатства и присуството на пациенти на интензивна нега”, заклучува префектурата. 

Треба да знаете
Последни објави