Search

Претставник на Белата куќа бил во Дамаск на тајни преговори за ослободување двајца Американци

Кас Пател, заменик на помошникот на американскиот претседателот Доналд Трамп, неодамна отпатувал во Дамаск на „тајните состаноци” со претставници на сириската Влада, кои имале за цел ослободување на најмалку двајца американски државјани, соопшти „Волстрит журнал”.

Весникот, повикувајќи се на официјални лица од администрацијата на Трамп и други лица запознати со преговорите, наведе дека ова е првпат по повеќе од една деценија еден вака високо позициониран американски функционер да се состане со претставници на владата во Сирија.

Според официјалните лица, Пател, кој, исто така, е на висока позиција во борбата против тероризмот во Белата куќа, во Дамаск отпатувал на почетокот на оваа година во обид да обезбеди ослободување на најмалку двајца Американци.

Како што е познато, претставници на Белата куќа и сириските власти последен пат разговорале во Дамаск во 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави