Search

Претседателот Пендаровски на средба со жените фармери во гостиварското село Тумчевиште

 Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ го посети гостиварското село Тумчевиште и оствари средба со претставничките на локалното здружение на жени фармери „Моја Фарма“ и се запозна со нивното делување.

На средбата, на којашто покрај претседателката на локалното здружение на жени фармери „Моја Фарма“, Живка Ѓурчиновска, која е првата жена регистрирана како индивидуална земјоделка во ова село присуствуваа и претставници од здружението „Руралната коалиција“ и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Во разговорите, претседателот Пендаровски се запознал со поддршката којашто ја добиваат од државата, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во однос на пласманот и откупот на земјоделските производи, малиот број на откупни центри, како и лошата инфраструктура.

Од кабинетот на шефот на државата, наведуваат дека жените земјоделки го информираа претседателот Пендаровски за нивните натамошни планови, со условите за работа како и со потребата од поголемо родово одговорно буџетирање во земјоделството и руралниот развој. Со цел да ги следат современите процеси, жените земјоделки истакнаа дека е неопходно постојано инвестирање во модернизација на производството.

Меѓу останатото претседателот Пендаровски беше информиран со активностите на нивното здружение во кое членуваат околу педесетина жени, организирањето на манифестацијата „Да ја зачуваме традицијата“, како и со работењето на нивната онлајн продавница „Наша тезга“ како прв интернет пазар за продажба на земјоделски производи и преработена храна на традиционален начин, произведени исклучиво од жени од руралните средини.

Треба да знаете
Последни објави