Search

Претседателот на израелскиот Парламент поднесе оставка

Претседателот на израелскиот Парламент, Јули Еделстајн денеска поднесе оставка по седум годишен мандат на таа функција, избегнувајќи на тој начин да го изврши барањето на Врховниот суд и да свика гласање за своја смена.

Еделстајн минатата недела ги прекина парламентарните активности, повикувајќи се на процедурални прашања и ограничувањата за големи собири поради ширење на новиот коронавирус.

Политичките противници, меѓутоа, го обвинија дека спречува гласање, откако неговиот десничарски блок не успеа да освои мнозинство на изборите на 2 март, со цел да го заштити израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од законот со кој ќе се ограничи неговото долгогодишно управување.

Еделстајн го отфрли повикот на Врховниот суд да го објасни доцнењето при свикувањето на израелскиот Парламент, поради што главниот судија му нареди да одржи гласање, обвинувајќи го за поткопување на темелите на демократскиот процес.

Наместо да ја спроведе одлуката на Врховниот суд, тој нагласи дека не се согласува на ултиматум, а подоцна и поднесе оставка.

– Одлуката на Врховниот суд ја уништува работата на Кнесетот, истакна Еделстајн во својот последен говор, обвинувајќи го судот за „арогантна интервенција и мешање во работата на законодавната власт”.

Треба да знаете
Последни објави