Search

Претседателот Иванов ќе приреди прием за дипломатскиот кор

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 19 часот ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Македонија.

На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот по повод новогодишните и божиќните празници, најавени се обраќања на претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, шведскиот амбасадор Матс Стафансон.

Приемот за претставниците на дипломатскиот кор изминатите години беше приреден во Скопје, Струга, Гевгелија, Битола, Крушево и во Берово.

Треба да знаете
Последни објави