Search

Претпладне сончево до умерено облачно, попладне нестабилно со дожд

 Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 22 до 30 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Треба да знаете
Последни објави