Search

Пренџов: Од власта шајка немаат заковано во државата, а јавниот долг е дуплиран

„Од осамостојувањето на Република Македонија, од независноста до први јуни 2017-тата година кога Заев и СДСМ ја презедоа власта, сите влади заедно направиле долг од 4,7 милијарди евра. Тука е периодот на транзицијата, стечајци, социјални случаеви, и се заедно долгот изнесува 4,7 милијарди евра. Но, за овие пет години ние имаме дуплирање на јавниот долг, двојно е зголемен јавниот долг”, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од Коалицијата за „Обнова на Македонија” во гостување во емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија.

Пренџов додаде дека притоа власта не изгради автопатишта со кои што ќе ги враќа кредитите, немаат изградено ниту нова брана која што ќе произведува електрична енергија и ќе ги враќа парите за кредити. Власта нема направено ништо ниту во земјоделието.

„Едноставно шајка немаат заковано во државата, а долгот нас ни е дуплиран”, нагласи тој.

Пратеникот посочи поради власта државата доаѓа во ситуација да годишно во буџетот исплаќа повеќе од 220 милиони евра само за камати. Да не крадеше власта, ќе се изградеше автопатот Кичево – Охрид со тие 220 милиони евра.

„Јас затоа ги прашувам од власта секој втор ден каде се парите? Македонската јавност треба да знае дека од први јуни 2017-та година до пред два дена Владата има потрошено 20 милијарди и 360 милиони евра. А, доколку ги ставиме овие 5.3 милијарди евра, следната година ова време ако се се уште на власт ќе имаат потрошено 26 милијарди евра”, рече Пренџов.

Пренџов во текот на емисијата го искоментира и економскиот раст кој што Владата го предвидува со Буџетот за идната година.

„Во петокот минатата недела имавме прес конференција во која што зборувавме за јавниот долг на државата и колешката пратеничка од СДСМ од прес конференција од Бихакќа возврати дека буџетот е развоен и дека тие очекуваат дека согласно ЕБОР ќе имаме 2.3% раст. Повеќето меѓународни финансиски институции прогнозираат различен раст. Владата вика 2.9%, а ЕБОР вика 2.3%. А, пратеничката од СДСМ се повикуваше со податокот од ЕБОР 2.3%. Вечерта заменик претседателот на СДСМ вели оваа година очекуваме подобра економија и раст од 2.3%. и следниот ден премиерот Ковачевски и тој нагласи дека очекувал 2.3% раст. Пратениците на СДСМ аплаудираат на нивното партиско раководство и премиер дека ќе имаме 2.3% раст а економијата, а во Собрание гласаат дека ќе имаме 2.9%, а тие 0.6% се 84 милиони евра. Значи во старт имате проблем од 84 милиони евра во Буџетот, а аплаудирате во партија на 2.3%, а гласате 2.9% и добредојдовте во Република Македонија под власт на СДСМ и ДУИ”, истакна Пренџов.

Пренџов додаде дека треба да се врати Буџетот назад да се доработи и да се поднесе оставка.

Пренџов исто така нагласи дека поради несериозноста на власта граѓаните страдаат и своите плати ги трошат единствено на храна и на сметки.

„Електричната енергија од први јуни 2017-та година до денеска е покачена за 42.3%. Пред пет години 42% помала сметка за електрична енергија. А, згора на се има и инфлација, имено цената на лебот е качена за 45%, масло за јадење за 50%, овошје на 25 до 30%, месото е качено за 30-40%. И тоа говори дека инфлацијата за граѓаните не е само 15% туку е 50%. И тука е 50% покачена електрична енергија и 50% покачено гориво, и обичниот граѓанин од наутро до навечер размислува како да го прехрани своето семејство, како да обезбеди пристојно образование и студирање на своето дете”, појасни пратеникот.

Треба да знаете
Последни објави