Search

Премиер лига се враќа на 17 јуни, нема нови позитивни на Ковид 19

Премиер лигата потврди дека нема нови позитивни тестови на корона вирусот во лигата, откако британската влада денеска објави дека од 1 јуни може да се оддржуваат спортски натпреварувања без гледачи. Први ќе стартуваат трките со коњи, а фудбалот е предвидено да почне на 17 јуни.

Во четвртиот сет тестирање на КОВИД-19 на 28 и 29 мај беа тестирани1.130 фудбалери и членови на клубовите и ниту еден од нив не бил позитивен.

-Премиер лигата ги објавува овие податоци за да се зачува интегритетот и транспарентноста на нашето натпреварување. Нема да се даваат одредени детали за клубовите или индивидуалците“, се вели во објавата на Премиер лигата.

Во првиот сет тестирања имаше шест позитивни случаи од три клуба, во вториот сет имаше двајца позитивни во два клуба, а во третиот и четвртиот немаше ниту еден. Планот на Премиер лигата е да се вратат на натпреварувањето на 17 јуни, но уште не е утврдено дали ќе се игра на неутрални
стадиони.

 

Треба да знаете
Последни објави