Search

Премиерот на Малта ќе поднесе оставка поради кризата околу истрагата за убиството на новинарката

Премиерот на Малта Џозеф Мускат ги извести своите соработници денес дека има намера да си даде оставка. Неговата одлука е предизвикана од политичка и правна криза предизвикана од пропаѓањето на истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, пренесува порталот „Тајмс оф Малта“.
Мускат денеска разговараше со претседателот на Малта, Џорџ Вело, за неговата намера да се повлече од функцијата премиер.
Мускат јавно ќе ја објави својата одлука, откако најбогатиот бизнисмен на Малта, Јорген Фенех, ќе биде обвинет во судот за убиство на новинарката.
Тој ќе започне процес на смена во рамките на Лабуристичката партија, а Малта се очекува да има нов премиер до јануари, велат два извори блиски до владата.

Треба да знаете
Последни објави