Search

Премиерката на Нов Зеланд се извини за сексуален напад од член на партијата

Новозеландската премиерка Џакинда Арден се извини поради начинот на кој нејзината партија реагирала на обвинувањата за сексуална злоупотреба насочени кон еден член на партијата и прифати оставка од претседателот на партијата поради рој скандал.

Се работи за скандал кој значително ѝ наштети на угледот на Арден и на нејзината колаициска Влада на левиот центар, која неочикувано дојде на власт во 2017 година.

„Во име на Лабуристичката партија им се извинувам на жртвите од сексуални напади, поради начинот на кој Владата се однесувала во овој случај“ рекла Арден, додавајќи дека ја прифатила оставката на претседателот на партијата, Нигел Хаворт.

„Да се пријави сексуално насилство е тешко само по себе и немарно да предизвикаш дополнително страдање на лице кое поминало низ тоа е исклучително разочарувачки“ додала таа.

19-годишна девојка минатата година пријави во Лабуристичката партија сексуално насилство од страна на еден од членовите на партијата, која спровела истрага и заклучила дека не се потребни дополнителни мерки во случајот на обвинетиот партиски член.

Треба да знаете
Последни објави