Search

Премиерката на Нов Зеланд повика на глобална анти-расистичка борба

Премиерката на Нов Зеланд, Жакинда Ардерн повика на глобална борба против расистичката идеологија на десното крило, по минатонеделните напади на две џамии во Крајстчерч.

Во првото нејзино интервју по нападите, таа нагласи дека ја одбива идејата дека порастот на миграцијата го подгреала расизмот.

„Ова беше австралиски државјанин, но тоа не значи дека ние немаме идеологија во Нов Зеланд што би било навреда за малцинството во Нов Зеланд“ рече Ардерн.

Таа истакна дека постои одговорност да се пресече оваа состојба таму каде што постои и да се осигура дека никогаш нема да биде создадена средина каде што ќе може да истата да напредува.

“Но, јас сум за глобален повик. Она што го доживеа Нов Зеланд беше насилство спроведено против нас од некој што пораснал и ја научил нивната идеологија на друго место. Ако сакаме да се осигураме дека на глобално ниво сме безбедни и толерантни и сме инклузивен свет, не можеме да размислуваме за ова во поглед на границите” порача Ардерн.

Таа го бранеше рекордот на прифатени бегалци во Нов Зеланд.

“Јас целосно ја отфрлам идејата дека на било кој начин, во обидот да се осигуриме дека имаме систем кој се грижи за оние што сакаат да го наречат Нов Зеланд свој дом, ја овековечиле околината во која може да постои таква идеологија” .

Треба да знаете
Последни објави