Search

Преку вложување во развој на дигитални вештини до нови работни места

Повеќе од 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места се предвидени во новиот Оперативен план за вработување за 2019 година, усвоен на Влада. Како што соопшти Министерството за информатичко општество и адмнинистрација (МИОА), со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години, кои преку најразлични обуки и преквалификации ќе можат да се вработат.

Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од побарувани дигитални вештини, како и потребите од напредни ИТ вештини.

По учеството во предвидените мерки невработените лица кои нема да се вработат, ќе имаат можност за искористување други програми и мерки од Оперативниот план.

Новите работни места и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците.

-Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше високи 95 отсто реализација, а очекувањата се планот за 2019 година да има уште поголем успех, наведуваат од МИОА.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции.

Треба да знаете
Последни објави