Search

Пред 23 години беше потпишан Дејтонскиот договор

Денеска се навршуваат 23 години откако во американската база Рајт Петерсон во Дејтон беше парафиран Општ рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина и неговите 12 анекси, со што е ставен крај на војната во една од поранешните републики од СФРЈ и воспоставен нејзиниот уставно-правен поредок.

Дејтонскиот договор, по тринеделни преговори, го парафираа тогашните претседатели на Србија, Слободан Милошевиќ, на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ и на Хрватска, Фрањо Туџман.

Договорот е парафиран во присуство на тогашниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер, а покрај него, главни американски посредници беа Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк.

Дејтонскиот договор официјално е потпишан на 14 декември 1995 година во Елисејската палата во Париз.

Со Дејтонскиот договор создадена е државна заедница на БиХ составена од два ентитети, Република Српска и Федерација на БиХ.

Треба да знаете
Последни објави