Search

Пред Собранието изутринава мирно, сообраќајот нормализиран

Пред Собранието на Македонија изутринава  е мирно по синоќешните насилни протести. Барикадите се остранети, а сообраќајот по улиците околу собраниската зграда се одвива нормално. Забележливо е помало полициско присуство.

 

25 демонстранти се приведени, а седум полицајци и две жени завршија со повреди за време на протестите и според информациите од ургентниот центар сите се со полесни телесни повреди.

Од МВР најавија дека повеќе информации за вчерашните случувањата пред законодавниот дом ќе бидат соопштени во текот на денов.

Треба да знаете
Последни објави