Search

Пред викенд карантинот 20.000 возила го напуштија Скопје

Огромен број на возила го напуштија Скопје попладнево пред да почне полицискиот час.

Од Јавното претпријатие за државни патишта  потврдуваат дека околу 20.000 возила денеска излегле од главниот град. Ова е податоците до 19 часот од наплатните рампи на патарините.

На излезот од Скопје кон Куманово кај Миладиновци поминале 7.407 возила, а на излезот кон Велес, на наплатната станица Петровец поминале 4.541 возила.

Од 21 часот на сила е полицискиот час, со цел да се спречи ширење на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави