Search

Предложени казни од по 2.000 евра за 43 скопјани за кршење на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 43 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации.

Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за секој од обвинетите да изрече парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави