Search

Прегазена жена во центар на Охрид

На 27.02.2020 во 16,00 часот било пријавено дека во Охрид на крстосницата со кружен тек од ул.„Македонски просветители“ со бул.„Туристичка“, патничко моторно возило “хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (32) од Охрид, удрило во пешакот С.К.(45) од Охрид. Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во специјалната болница “Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Охрид.

Треба да знаете
Последни објави