Search

Превртено возило во Делчево

На 01.02.2019 година во 08.30 часот на локалниот пат село Габрово-Делчево, патничко возило „Пежо 206″ со  делчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(59) од  село Габрово, изгубило контрола,  удрило во  брегот од десната страна на патот и се превртел на кровот. Притоа, возачот Б.Ј. се здобил со тешки телесни  повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар Кочани и по укажаната помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Треба да знаете
Последни објави