Search

„Прв+“  прогласен за најсигурен пензиски фонд во Словенија

Словенечкиот фонд за гарантиран поврат„Прва + Зајамчени”, кој е дел од „Прва груп“ (еден од сопствениците и на нашиот КБ Прво пензиско друштво) од реномираното  словенечко финансиско списание „Моје финанце“  е прогласен за најсигурен пензиски фонд во Словенија и тоа за период од 5 години. Реномираното списание, кое со години го оценува работењето на финансиските фондови,  го анализираше работењето  на фондовите со гарантиран поврат кои управаат со средствата на над 470 илјади Словенци од кои се обезбедуваат дополнителни пензии за вториот пензиски столб (доброволен професионален пензиски план). „Прва+“  пензиски фонд беше избран за најдобар во конкуренција на 12 пензиски фондови кои постојат и се продаваат во Словенија и доби пет ѕвездички и Кристалната статуетка.

Треба да знаете
Последни објави