Search

Прв пораз на Селтикс во Бостон, нов трипл-дабл на Дончиќ

Кливленд кавалирс победи на гости кај Сан Антонио спарс во најинтересниот натпревар од кошаркарската НБА лига игран рано утрово, и со тоа „коњаниците” ја запреа низата од осум порази по ред.

Победникот беше одлучен после продолжение од пет минути. Во регуларниот дел, Кевин Лав во финишот погоди тројка за изедначување, и го спаси својот тим од пораз. Лав средбата ја заврши со 30 поени и 17 скока.

Лука Дончиќ со осмиот трипл-дабл сезонава, овојпат од 41 поен, 12 скока и 11 асистенции, беше предводник на Далас во триумфот над Детроит. Овој меч се играше во Мексико сити.

Филаделфија на гости беше подобра од Бостон Селтикси. Во текот на целиот одличен беше Џоел Ембид. Мечот констатно беше во егал, Филаделфија успеа да направи разлика во финишот од натпреварот. Важни поени тогаш постигна Ембид, со тие поени Филаделфија дојде на девет поени разлика на две ипол минути до крајот. Селтикси не успеаа да се вратат и така го забележаа првиот пораз на домашен терен.

Ембид натпреварот го заврши со 38 поени и 13 скокови и за него ова беше најдобар натпревар сезонава. Кемба Вокер кај Бостон уфрли 29 поени, а Енес Кантер20.

РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ОДИГРАНИ НОЌТА ЧЕТВРТОК КОН ПЕТОК: Бостон – Филаделфија 109:115, Сан Антонио – Кливленд 109:117, Детроит – Далас 111:122, Денвер – Портланд 114:99.

Треба да знаете
Последни објави