Search

Прва онлајн конференција по повод Светскиот ден на бекапот

Првата онлајн конференција по повод Светскиот ден на бекапот, која ќе биде од бесплатен карактер и е наменета за сите луѓе кои поседуваат компјутер, ќе се одржи на 29 март, во периодот од 14 до 16 часот.

Насловот на конференцијата е Let’s Make BackUp for All!, а организатор и домаќин е компанијата B-Up, која е дел од Inbox архивскиот дата-центар. Според организаторите, целта на овој настан е да се крене свесноста за значењето на бекапот и да стане достапен за сите!

На коференцијата ќе има четири говорници од различни области, приватен сектор, експерти од МАСИТ и ИнноФЕИТ кои ќе зборуваат на теми како „Осврт на мк-пазарот”, „Бизнис-континуитет преку BackUp – must for GDPR”, Ransomware as a Service и Cyber security (колку се сигурни вашите податоци со online backup)”.

Сите заинтересирани можат бесплатно да се регистрираат на веб-страницата – www.bup.mk/lmba.

По завршување на конференцијата, компанијата B-Up најави дека ќе креира eBook – прирачник за компаниите во случај на хаварија.

Првпат прославен на 31 март 2011 година, Светскиот ден на бекапот е годишен потсетник за луѓето и сопствениците на бизниси да ги заштитат своите податоци. Датумот не е случаен. Овој настан се случува секоја година пред 1 април – пред да биде предоцна и да станете April’s fool.

Треба да знаете
Последни објави