Search

Пратеникот Спирос Данелис отстранет од пратеничката група на Река

Со одлука на лидерот на движењето Река, Ставрос Теодоракис, пратеникот Спирос Данелис е отстранет од пратеничката група на партијата. Оваа одлука Теодоракис, преку писмо, му ја соопшти на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, кусо пред почетокот на расправата за доверба на владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Данелис по вчерашната средба со Теодоракис реши да не ја следи партиската линија и да гласа за доверба на владата.

Треба да знаете
Последни објави