Search

„Праскијада“ во Градскиот парк со цел да се обезбедат 20.000 оброци за гладните

Во Градскиот парк во Скопје, на 31 август (сабота), со почеток во 10 часот, платформата за донација на вишок храна „Сите сити“ ќе ја организира првата хуманитарна „Праскијада 2019“, настан чија цел е да се обезбедат 20.000 оброци за социјално загрозените граѓани.

Организаторите велат дека ова ќе биде прв ваков настан и се надеваат дека тој ќе прерасне во традиција.

„На настанот преку музика, забава за најмладите и добра храна ќе се собираат средства. Угостителските објекти ќе подготват џемови, торти, салати, сокови, во кои главна состојка ќе биде праската. Секој од посетителите ќе може да купи нешто и на тој начин да придонесе за собирање на потребните средства, а за возврат секој од нив ќе добие картичка за благодарност за направеното хумано дело“, објаснуваат од „Сите сити“.

Од таму истакнуваат дека во 2018 година почнале да го развиваат системот што ја спасува добрата храна, па наместо таа да се фрла, се пренасочува кон оние на кои им е најпотребна.

„Големи количини квалитетна храна со возило се преземаат од разни бизниси и се носат во центри за бездомници, народни кујни и слично. Ова го правиме во соработка со повеќе од 20 големи компании од индустријата за храна и над 30 партнерски граѓански организации“, се наведува во соопштението.

Целта на организацијата е да се намали бројот на гладни граѓани, кои не може да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, а добрата храна да не се фрла залудно.

Настанот на 31 август ќе се организира со поддршка на проектот на УСАИД за граѓанско учество

Треба да знаете
Последни објави