Search

По 5 години, Холмс и Фокс организираат свадба во Париз

Актерката Кејти Холмс (39) и Џејми Фокс (50) ја криеја својата врска од јавноста, беше речиси невозможно да се види  холивудската двојка пред камерите, а причината за тоа е што Холмс ја почитуваше желбата на нејзиниот поранешен сопруг Том Круз (55) дека нема да биде во јавен контакт со никого додека не поминат пет години од нивниот развод во 2012 година. И покрај гласовите дека Холмс го оставила Фокс поради неверство, се чини дека оваа двојка конечно ќе го каже судбоносното да, а свадбата ја планираат во Париз. Кејти Холмс често беше присутна во медиумите поради Скиентолошката црква на која се придружи на наговор од поранешниот сопруг. Холмс и Круз беа во брак шест години и имаат ќерка Сури (12).

Треба да знаете
Последни објави