Search

По 40 години АББА меѓу првите 10 на британската топ листа со нова песна

АББА се врати на топ-10 листата во Велика Британија, една недела откако по пауза од четири децении ги претстави своите први нови песни.

Една од новите нумери, Don’t Shut Me Down, се најде на деветтото место, прв топ-10 сингл на шведските поп легенди од 1981 година.

Другата нова песна, I Still Have Faith In You, е нов влез на местото 14.

Двете песни ќе се појават на новиот албум Abba Voyage, кој се очекува да биде бестселер кога ќе излезе во ноември.

„Отпрвин беа само две песни, а потоа рековме: можеби треба да направиме уште неколку,“ рече Бени Андерсон во текот на објавата минатата недела.

Новите песни ќе ги изведуваат виртуелни верзии на членовите на бендот, таканаречени АББА-тари, на серија концерти следната година во специјално изградена арена во источен Лондон.

Треба да знаете
Последни објави