Search

По 130 години: Килограмот заминува во историја, масата ќе се дефинира со математичка дефиниција

По речиси 130 години дефиницијата за килограмот заминува во историјата. Делегатите собрани на 26-та Генерална конференција за тежини и мерки (CGPM) во Версај денес гласаа за нова дефиниција, пренесува „Јутарњи Лист“

– Најголемата промена е во случајот на килограмот каде што се напушта дефиницијата врз основа на предмет,  т.е. врз еден килограм кој се чува во Севре во Меѓународното биро за тежини и мерки (BIPM). Се преминува на дефиниција преку математичка формула, изјви проф. др. Давор Звиџиќ, директор на Хрватскиот институт за метрологија  и хрватски претставник на конференцијата.

Килограмот беше дефиниран во 1889 година и остана последната единица дефинирна преку физички објект. Прототип на килограмот, „Големиот К”, е валјак со висина од 39 милиметри и дијаметар од 39 милиметри, направен од легура на платина (90 проценти) и иридиум (10 проценти).

-Од создавањето на „Големиот К“ од неговата маса се изведуваат маси од неколку микрограми, што е милионити дел од грамот, до неколку тони. Според него се калибрират сите ваги на светот, објасни Звиздиќ.

Меѓу експертите превладал ставот дека треба да се воведе нова дефиниција на килограмот така да не се врзува со физички објект.

-Неговите ограничувања долго време излегуваат на виделина, на пример во одредувањето мали маси.

А масата на „Големиот К“ е различна од масата на неговите шест официјални копии па никој не може со сигурност да каже зошто, па дури и да изгуби или да ја добие на тежина, односно на масата. Во последните 130 години оваа збунувачка разлика е околу 50 микрограми. Може да изгледа занемарливо, но активните состојки во лековите се мерат и се изразуваат во милиграми- објасни Звидиќ.

Новата дефиниција за килограми ќе се базира на константа на Планк.

– Таа константа е дефинирана од страна на германскиот физичар Макс Планк и игра голема улога во квантната механика, бидејќи претставува минимален праг на енергија (квант) кој може да се мери на некоја атомска честичка. Научниците на маса од еден килограм спротиставиле сила генерирана преку електрична енергија и таа сила ја искажале преку константата на Планк чија вредност била фиксирана со голема прецизност.

Оваа вредност на константата на Планк отсега ќе го„чува“ килограмот како што тоа досега го чуваше „Големиот К“. Нови дефиниции се изгласани за уште три основни единици во Меѓународниот систем на единици (SI): ампер, келвин и мол.

-Денешната одлука е пресвртница во дефинирањето на единиците во меѓународниот систем”, рече Себастијан Кандел, претседател на Француската академија на науките.

Треба да знаете
Последни објави