Search

По Џенифер Анистон и Метју Меконахи отвори профил на Инстаграм

Холивудскиот актер Метју Меконахи ги изненади своите фанови кога се приклучи на Инстаграм. Меконахи вчера го прослави својот 50-ти роденден и реши да го прослави со мало изненадување за неговите фанови – тој стана официјално McConaughey на Инстаграм. За помалку од 24 часа, тој собра повеќе од 630,000 следбеници.

Актерот го најави и отворањето на Инстаграм преку Твитер, кој го користи уште од 2009 година и таму  го следат повеќе од 2,5 милиони луѓе.

“Маж. Татко. Актер. Министер за култура. Професор. Креативен директор. Остин ФЦ. ЏКЛивин. Експерт за краставици”, напишал во описот на профилот, кој ги воодушеви неговите обожуватели.

Оскаровецот, кој  на насловната фотографија носи  каубојски шешир, веднаш започна со користење на „Instagram Stories“ и да се забавува со луѓето. Тој вчера објави приказна во која им пееше на своите нови следбеници.

И Џенифер Анистон неодамна се приклучи на Инстаграм, чиј прв пост буквално ја сруши таа мрежа.

https://www.instagram.com/p/B4cww3Jg3C-/

Треба да знаете
Последни објави