Search

По сообраќајната несреќа на автобус во Лондон 15-годишно девојче се бори за живот

По сообраќајната несреќа на автобус во Лондон 15-годишно девојче се бори за живот

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице се здоби со тешки повредниво сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област Кројдон, објавија британските медиуми.

Како што соопшти „Скај њуз“, 15-годишно девојче е во критична состојба по несреќата.

Несреќата се случила кога автобусот се судрил со автомобил, а потоа и со друг автобус, по што удрил во автобуската станица.

Седумнаесет од повредените патници биле веднаш хоспитализирани, додека кај другите патници не биле забележани поголеми повреди, па тие се пуштени на домашно лекување.

Треба да знаете
Последни објави