Search

Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентарот во Грција

Земјотрес e почувствуван во Скопје и околината изтринава во 08.23 часот.

Според Европскиот медитаренски сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е на Крит во Грција со магнитуда од 6 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 56 километри.

Силен земјотрес е регистриран непосредно пред 9.30 часот утринава со епицентар меѓу грчките острови Крит и Китира, а според првичните информации во Грција бил со јачина од 5.8 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако епицентарот е на над 250 километри од Атина, беше почувствуван и во грчката престолнина.

Треба да знаете
Последни објави