Search

Почнува реализацијата на втората фаза од системот за наводнување на јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза.

Почетокот на работите ќе бидат означени на влезот на селото Јосифово, Валандовско.

На отпочнувањето на градежните работи ќе се обрати премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач „Штрабаг”, Горан Ракиќ.

Ова е капитална инвестиција за воведување модерни системи за водоснабдувањето во земјоделството во вредност од 24,3 милиони евра, од кои дел се буџетски пари, а дел кредит и грант од КфВ банката.

Целта на системот е да придонесе за намалување на трошоците и загубите во производството, како и создавање модерно земјоделство и навреме да добијат вода.

Со новиот систем се очекува да се обезбеди навремено и квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина.  Ќе се зафаќа вода од Удово од реката Вардар, понатаму со главен цевковод од 8,9 километри ќе се носи до препумпни станици и ќе има дистрибутивна мрежа од 85 километри.

Треба да знаете
Последни објави