Search

Почина српската писателка Исидора Бјелица

Познатата српска писателка Исидора Бјелица денеска почина во 52 година од животот по долга и тешка битка со болеста. Непријатната вест ја потврди сестрата на Исидора.

Неофицијлно Исидора починала во болницата „Свети Сава“. Според српските медиуми пред неколку дена допатувала во Македонија каде се лечела последните години. Вчера се вратила дома во Белград каде последните два месеци од својот живот ги поминала кај родителите Невенка и Димитрија во блокот 45 на улицата Јури Гагарин каде катадневно имала средба со своите соседи. По пристигнувањето во Белград од Македонија каде примала терапија здравствената состојба и се влошила по што веднаш била префрлена во болница каде денеска ја загубила битката со тешката болест.

Познатат писателка е родена на 10 декември 1967 година во Сараево. Живееше и твореше во Белград.

 

 

Треба да знаете
Последни објави