Search

Почина сопругата на Џон Траволта

Сопругата на Џон Траволта, Кели Престон, почина по долга битка со рак на градите на 57-годишна возраст.

На својот Инстаграм профил, сопругот Џон Траволта кажа дека неговата сопруга, која се има појавено во многу филмови како „Џери Мегвајер“ и „Што сака една девојка“, почина во неделата наутро.

Траволта напиша: „Со тешко срце ви кажувам дека почина мојата преубава сопруга Кели, по две годишна битка со ракот. Таа храбро се бореше со многу љубов и поддршка од целото семејство“.

Тој истакна дека им благодари на сите доктори кои се трудеа за Кели и упати убава порака кон неговата сопруга:

– Љубовта на Кели секогаш ќе биде запаметена и јас ќе се тргнам за некое време од социјалните мрежи за да им помогнам на децата, која ја изгубија мајка им.

Треба да знаете
Последни објави