Search

Почина потпретседателот на германскиот Парламент, Томас Оперман

Потпретседателот на германскиот Парламент, Томас Оперман почина ненадејно, објавија германските медиуми.

На политичарот од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) му се слошило синоќа за време на снимањето за ЗДФ, и веднаш бил пренесен во болница.

Министерот за труд Хуберт Хајл преку „Твитер“ изрази сочувство за смртта на неговиот сопартиец.

На крајот на август, Оперман објави дека нема да учествува на претстојните парламентарни избори.

„По три децении како пратеник во покраинското собрание на Долна Саксонија и во Бундестагот, сега е најдобро време да се направи нешто друго и да се свртиме кон нови проекти“, рече тој тогаш.

Од 2013 до 2017 година, Оперман бил шеф на парламентарниот клуб на СПД во Бундестагот.

Во неговата изборна единица, Гетинген, тој бил директно избран четири пати по ред.

Како потпретседател на Бундестагот, тој се залагал за намалување на парламентот и за реформа на изборниот закон.

Треба да знаете
Последни објави