Search

Почина поранешниот американски министер за одбрана Харолд Браун

Поранешниот министер за одбрана на САД Харолд Браун, кој служеше за време на мандатот на претседателот Џими Картер, почина на 91 година, соопшти аналитичкиот центр во кој работеше.

По образование физичар, Браун дел од својот живот го помина развивајќи и истражувајќи нуклеарно оружје, а потоа се залагаше за контрола на тој вид вооружување.

– Харолд Браун ги сфаќаше, можеби подобро од сите министри пред него, технолошките компликации и неверојатната опасност на модерното војување, соопшти аналитичкиот центар.

Тој починал во својот дом во Калифорнија од рак на панкреас.

Треба да знаете
Последни објави