Search

Почина Миња Субота – славниот водител и композитор ја изгуби битката со болеста

Милан Миња Субота, почина на возраст од 82 години по тешка борба со болест, од која страдаше подолго време, пренесоа српските медиуми.

Српскиот композитор пред шест дена бил итно однесен во болница на пулмологија, поради болеста.

Веста за неговата смрт ја објави Горан Весиќ, заменик-градоначалник на Белград.

Миња Субота беше српски композитор, забавувач, музичар, фотограф и дипломиран инжењер по електротехника. Долго работеше како водител и автор на детската ТВ серија „Музички тобоган“.

Треба да знаете
Последни објави